Еден од најпознатите британски весници „Гардијан“ ја стави Македонија помеѓу 40-те најатрактвни светски туристички дестинации кои би требало да се посетат во 2014 година. Авторот на статијата, која е објавена во последните броеви на весникот, вели дека Македонија како земја во развој е атрактивна по виното кое води уште од римско време и по романтичните медитеранските села со цркви од византиско време. Тој забележува дека оваа живописна земја треба да биде забележана, го спомнува и проектот „Скопје 2014“, но и градот Охрид, кој, како што вели, е спектакуларен и место во кое може да се избега од реалноста. Покрај Македонија, на листата за светските места што треба да се посетат оваа година се и Бразил, Мароко, Турција, Малезија, Kанада, Франција и други.
Еден од најпознатите британски весници „Гардијан“ ја стави Македонија помеѓу 40-те најатрактвни светски туристички дестинации кои би требало да се посетат во 2014 година.
Авторот на статијата, која е објавена во последните броеви на весникот, вели дека Македонија како земја во развој е атрактивна по виното кое води уште од римско време и по романтичните медитеранските села со цркви од византиско време. Тој забележува дека оваа живописна земја треба да биде забележана, го спомнува и проектот „Скопје 2014“, но и градот Охрид, кој, како што вели, е спектакуларен и место во кое може да се избега од реалноста.
Покрај Македонија, на листата за светските места што треба да се посетат оваа година се и Бразил, Мароко, Турција, Малезија, Kанада, Франција и други.